Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПолицијата ги тргна оградите пред судот за функционерите да протестираат под сенка

Полицијата ги тргна оградите пред судот за функционерите да протестираат под сенка

ГДОМ достави декларација во Основниот суд Скопје 1 за поддршка на судовите за нивно професионално работење. Тие протестираат против одлуката на судот, за куќен притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талевски. Александар Пандов изјави дека судиите добиваат целосна поддршка да не носат одлуки под притисок на аболирани криминалци.

Сепак останува фактот дека поголем број од аболираните се функционери од владејачката партија. А битолските административци кои денеска беа донесени со автобуси во Скопје и ослободени од своите работни обврски бранат токму аболиран осомничен за злоупотреба на општински пари.

На протестот пред Судот полицијата ги отвори поставените огради откако функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои присуствуваа на протестот, побараа од полицијата да ги пушти демонстрантите да застанат под сенка. Полицијата ги послуша. Не беше забележано ниту приближно толку големо присуство на полицијата, за разлика од протестите на Шарената револуција. Дали законите важат за сите? Зошто демонстрантите на Шарената револуција немаат вакви привилегии од полицијата и од кога полицијата прима наредби од било кој функционер кој учествува во толпа?

На протестот беа присутни и неколу градоначалници меѓу кои Коце Трајановски кој изјави дека СЈО работи партиски и селективно бидејќи се притвараат само членови на партијата на ВМРО.

Фото: ПлусИнфо