Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПолицајците излегоа на протест во Љубљана

Полицајците излегоа на протест во Љубљана

Над илјада полицајци протестираа синоќа во Љубљана. Тие се мобилизирани неколку седмици поради имигрантската криза, и бараат зголемување на платите и подобри услови за работа. Демонстраните се собраа пред Парламентот во центарот на Љубљана со повици: „Крадци, крадци!“

Двата главни синдиката на полицијата во земјата со два милиона жители, се одлучија на овој протест по неколку седмици безуспешни преговори за зголемување на платите. Премиерот левоцентрист Миро Церар го нарече протестот „скандалозен“ во момент кога земјата треба да се справи со преминувањето преку нејзина територија на илјадници имигранти на пат за Западна Европа.

Над 300.000 имигранти преминаа преку Словенија од средината на октомври.