Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПолицаец убиен при интервенција во Куманово

Полицаец убиен при интервенција во Куманово

Еден полициски припадник го загуби животот при интервенција во куќа во Куманово откако било пријавено семејно насилство. Напаѓачот им се нафрлил на полициските службеници, а еден од нив смртно го прободел во грбот по што тој од тежината на повредите починал на лице место и немало време да интервенираат медицинските екипи. Од Основното јавно обвинителство Куманово информираат дека дежурен јавен обвинител врши увид во населбата Средорек во Куманово.