Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПолицаец претепал членови на испитна комисија во Кавадарци

Полицаец претепал членови на испитна комисија во Кавадарци

Вчера во полициската станица во Кавадарци, С.Н.(41) од Кавадарци вработена како претседател на испитен центар во „Здружение на возачи“-Велес и Ц.П.(34) од Неготино вработен како контролор за полагање на возачки испит при испитниот центар, пријавиле дека околу 12 часот во службените простории на испитниот центар, додека извршувале работни задачи, неповикано дошол Ј.К. (полициски службеник во Полициска станица Кавадарци во цивилна облека) и почнал да упатува закани кон С.Н., поради тоа што неговата ќерка не го положила возачкиот испит. Ј.К. пред да излезе од канцеларијата упатил сериозни закани кон С.Н. и Ц.П., дека ќе ги убиел со пиштол нив и останатите од комисијата, доколку неговата ќерка не го положи возачкиот испит, по што излегол од канцеларијата.

За кратко време повторно влегол внатре и физички ги нападнал С.Н. и Ц.П. но истите заедно со нивната колешка М.И. успеале да го отргнат и изнесат Ј.К. во ходникот, каде истиот почнал да упатува закани дека ќе оди да го земе пиштолот со кој ќе ги убие. По превземени мерки од Ј.К. со потврда за привремено одземени предмети одземено му е службеното оружје и муниција. Против истиот ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело насилство по чл.386 став 3 од КЗ на РМ. За настанот запознает e Одделот за внатрешна контрола, криминалистички работи и професионални стандарди кои преземаат соодветни мерки.