Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПолицаец правел „добри“ дела со туѓи сметки

Полицаец правел „добри“ дела со туѓи сметки

Полициски служебеник од Крива Паланка измамил две лица кои биле во куќен притвор и поднесена му е пријава од јавен обвинител за две кривични дела и „злоупотреба на службена положба и овластување и измама“. Полицаецот при посета на лицата во куќен притвор им кажал дека претходно работел како инспектор и дека може да провери дали на нивните сметки се е во ред и дали се уште имаат пари. Од нив ги добил заштитните ПИН кодови и од едната картичка подигнал 63.500 денари.

При вториот обид картичката била блокирана од банкоматот, откако едно од оштетените лица добило сомневање во добрите намери на полицаецот по што пријавил во банката дека картичките му се изгубени за да се блокираат. Осомничениот Г.С.(34) од Крива Паланка е познато дека позајмувал пари и од други лица и не ги враќал.