Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПолицаец добил отказ откако се пожалил дека колегите го нарекуваат „водач на ИД“ и терорист кој јава коза

Полицаец добил отказ откако се пожалил дека колегите го нарекуваат „водач на ИД“ и терорист кој јава коза

Полицаец од исламска вероисповед од Чикаго тврди дека добил отказ откако се пожалил поради исламофобните коментари на своите колеги, пишува „Чикаго Трибјун“.

Рамтин Сабет е отпуштен од полициската управа на северно Чикаго во февруари. Тој изјавил дека неговите соработници, меѓу другото го нарекувале „водач на Исламска држава и терорист“ и го прашувале дали на работа дошол јавајќи коза.

Во тужбата против полицијата навел дека е жртва на долгогодишно „сериозно и се поголемо“ малтретирање со напади на неговата религија, култура и храба.

Сабет изјавил дека „раќата во сино“ говореле дека го држи пиштолот „како терористички муслиман“ и „постојано го малтретирале“.

Од полицијата тврдат дека немало никакво малтретирање, ниту пак дискриминација.

– Сабет е отпуштен поради кршење на правилата и прописите, Сега ја предизвикува таа одлука. Градот жестоко ќе се брани – изјави шефот на полицијата Ричард Вилсон.