Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПолитичко манилупирање на ЕУ или вистински реформи – Србија ќе добие лезбијка за премиерка

Политичко манилупирање на ЕУ или вистински реформи – Србија ќе добие лезбијка за премиерка

Новоизбраниот претседател Александар Вучиќ вчера ја номинираше министерката Ана Брнабиќ за премиерка. Таа ќе биде првата жена и правата јавно декларирана лезбијка која ќе застане на оваа клучна позиција во оваа крајно конзервативна балканска земја, пишува „С-Фронт“.

Брнабиќ, која е независна пратеничка и која минатата година стана првата министерка од ЛГБТИ заедницата, стана главна тема во светските медиуми, особено што Србија е земја во која ЛГБТИ права се на особено ниско ниви. Имајќи предвид дека Вучиќ беше тој кој јавно ја аутираше Брнабиќ , светските медиуми коментираат дека станува збор за таканаречено „pink washing“ кампања, односно лажно претставување на земјата дека е пријателски настроена кон и ЛГБТИ заедницата и оти со ваквиот чекор, екс-премиерот и актуелен претседател Вучиќ се обидува да го прикрие кршењето не само на правата на сексуалните малцинства, туку и основните човекови права на општата популација.

Вучиќ соопшти дека ја номинира Ана Брнабиќ за премиер, а нејзината влада следната недела треба формално да биде одобрена во српскиот Парламент. Тој истакна дека „тешката одлука е донесена во интерес на Србија и на нејзините граѓани“.

Брнабиќ во моментов е министерка за јавна администрација и локална самоуправа. Нејзиното назначување за министерка беше поздравено од организациите за човекови права, истакнувајќи дека тоа е историски чекор за земјата во која ЛГБТИ заедницата и понатаму се соочува со дискриминација и физичко насилство и малтретирање.

Новата 41-годишна премиерка е поранешна бизнисменка која своето образование го стекнала во Велика Британија и во САД. Таа зборува англиски и руски.

Амнести интернешнел ја рангираше Србија меѓу земјите во кои не постои волја да се справи со хомофобијата и трансфобијата. Истополовите заедници не се признаени во оваа земја, а овие двојки се уште имаат правни пречки да ги остварат основните права кои им се загарантирани на двојките од различен пол.

Вучиќ, кој од екстремист наводно стана „реформист“, вети дека ќе ги подобри ЛГБТИ правата во Србија, како дел од процесот на интеграциите на земјата во ЕУ.