Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиПолитичките партии повторно се сопнаа на прашањето за медиумите!

Политичките партии повторно се сопнаа на прашањето за медиумите!

Во текот на вчерашниот ден, во склоп на преговорите на работните групи на четирите најголемите политички партии (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА) не се постигна решение за прашањата поврзани со медиумите.

И покрај соопштението на олеснувачот Питер Ванхауте во кое тој наведе дека има напредок и доближување на ставовите меѓу партиите, сепак беше пробиен и вториот рок за да се договорат за измените на Законот за медиуми, како и за кадровските решенија во Агенцијата за медиуми и во Македонската радио-телевизија. Првиот рок беше пробиен на 20 ноември.

Преговорите, најверојатно, продолжуваат од Понеделник.

Новинарските здруженија, ЗНМ, ССНМ и МИМ, одржаа протест пред Клубот на пратениците поради, како што соопштија, нетранспарентниот начин на водење на разговорите за медиумите.