Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиПолитичка борба за медиумскиот колач од Пржино

Политичка борба за медиумскиот колач од Пржино

СДСМ преку ноќ, повторно, го промени ставот. Сега, Тие немаат никаков проблем околу Избирачкиот список, а ја прифатија и Методологијата за негово прочистување, следејќи го примерот на останатите три партии пред нив. Иако изгледа дека СДСМ вразумиле во преговорите, тоа не е така. Сега, преговарачите на опозициската партија се обидуваат да се испазарат за другата отворена тема на договорот.

Овие зборови се само дел од поентите во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ по предлогот што СДСМ го изнесе на синоќешните преговори:

согласност за Методологијата предложена од ДИК, доколку владеачките партии го прифатат регулирањето на медиумската сфера во согласност со предлогот на меѓународната заедница.

Партијата во опозиција се правда дека условниот предлог не значи откажување од теренската проверка, дополнително објаснуваат дека таа е предвидена и е дел од методологијата предложена од ДИК.
Според Нив, ВМРО ДПМНЕ има големи потешкотии при решавањето на прашањето за регулација на медиумите.

Илија Димовски посојаснува дека предлогот на неговата ВМРО ДПМНЕ за медиумската сфера е прифаќање на било каков модел кој е функционален и актуелен во некоја од европските земји.

„Мачните“ преговори помеѓу партиите ќе бидат на „распуст“ се до вторник, кога од Брисел ќе се врати посредникот Питер Ванхауте. До тогаш, едниствено консултациите околу сите предлози и поврзани со двете жешки предизборни теми за Избирачкиот список и медиумите, можат да бидат тема на полемики во Клубот на Пратениците.

Според досегашната практика, партиите кои се дел од преговарачкиот процес најмногу се препираат за медиумскиот „колач“. Тој иако во нашата држава е крајно кисел, од професионален аспект, на политичарите им е сладок и се борат за што повеќе парчиња од него. Иако медиумската слика, или „колачот“ во Македонија оддамна е „скиснат“…


Н.С