Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПолитичарите им го честитаат Меѓурародниот ден на Ромите

Политичарите им го честитаат Меѓурародниот ден на Ромите

Претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Емил Димитриев и претседателите на неколку политички партии денеска го честитаа меѓународниот ден на Ромите, 8 април. Димитриев во честитката до припадниците на ромската етничка заедница ги наведува владините проекти што ги спровеле минатата година за подобрување на животот на Ромите во повеќе области.

Претседателот Иванов во честитката наведува дека образованието претставува основен предуслов за решавање на проблемите од современото живеење. Затоа, како што пишува, повикува да се погрижиме и на секому да му се даде можност да биде дел од овој процес. Тој нагласува и дека е потребен ангажман за промовирање на недискриминацијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, пак, пишува дека Македонија исклучително го цени придонесот на ромската заедница во културниот, политичкиот и економскиот живот во државата.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во честитката наведува дека Ромите во Македонија се рамноправни граѓани и државата мора да ги обезбеди и штити нивните права. Денот на Ромите беше одбележан и во повеќе градови низ Македонија.

 Извор: slobodnaevropa.mk