Thursday, Aug 24, 2017
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПолицијата трага по скопјанец кој исчезнал во водите на езерото „Младост“

Полицијата трага по скопјанец кој исчезнал во водите на езерото „Младост“

ezero mladost

Доцна синоќа, околу 00:10 часот во СВР-Велес, И.Р. (26) од Скопје, го пријавил неговиот вујко Г.Д. (43) од с.Петровец-скопко за исчезнат.

Имено Г.Д. кој бил заедно со уште тројца пријатели на 13.08.2016 година престојувале на Езеро „Младост-Велес“ и околу 19:00 часот влегол во езерото и потоа му се губи секаква трага. Во временски период од 00:30 до 03:00 часот од страна на УПС од СВР-Велес, како и роднини на Г.Д бил извршен преглед на теренот околу брегот на езерото, при што лицето не е пронајдено.

Во тек е потрага во езерото.