Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПолицаец повреден во акција против дрвокрадци, службеникот префрлен на Ургентен

Полицаец повреден во акција против дрвокрадци, службеникот префрлен на Ургентен

Вчера околу 19:30 часот во село Ржаничино,скопско, полициски службеници забележале два џипа без регистарски таблички како носеле околу пет метри кубни огревно дрво и биле растоварени во дворот од  непознати лица.

Откако ги забележале полициските службеници лицата се дале во бегство. Две непознати лица успеале да побегнат, додека третиот Д.Н.(27) од село Орешани бил спречен во таа намера.

Во моментот на легитимирање истиот со тупаница удрил полициски службеник во пределот на главата и почнал да бега. Набргу бил фатен и приведен во Полициската станица Петровец.

На полицискиот службеник му била укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје, каде му се констатирани телесни повреди во пределот на главата по што е пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите сторители за целосно расчистување на случајот.