Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПолицаец го казнил својот командир со 800 евра, возел со истечена регистрација

Полицаец го казнил својот командир со 800 евра, возел со истечена регистрација

Полицаец од Полициската станица во Охрид, распореден на работа како сообраќаец, казнил свој Командир за сообраќаен прекршок, „претекнување на полна линија“ и управување со нерегистрирано возило – јавува Охрид1 повикувајќи се на свои извори во полицијата.

Според информациите кои ги објави порталот, сообраќајниот полицаец го казнил својот командир со глоба од 800 евра.

Охрид 1 пишува дека случајот е евидентиран, сослушани се сведоци, предаден е записник во Полиција и сега се чека институционалната разврска.

Според тоа што било констатирано, Командирот своето возило не го имал регистрирано цели три години, пишува Охрид 1.

Казната за Командирот е 800 евра и од 3 до 12 месеци забрана за управување со возилото.