HomeАНТИСТРЕСШтосноПолицајци излегле на протест облечени во костими од Дедо Мраз

Полицајци излегле на протест облечени во костими од Дедо Мраз

policajci-f1

Повеќе од 1.000 романски полицајци, од кои неколку од нив биле облечени во костими од Дедо Мраз излегле на протест во Букурешт, барајќи да им се овозможи порано заминување во пензија, односно да се оди во пензија на 60-годишна возраст. Полицајците се собрале на централниот плоштад во главниот град на Романија, каде премиерот Дачијан Чолош и други претставници на владата имаат сопствени канцеларии и тропале со чинели и тапани.

Неколку чесници на протестот носеле и прилепени бради на лицето имитирајќи го Дедо Мраз, за да укажат на проблемот со старосната граница за заминување во пензија. Старосната граница за пензионирање на мажите сега е на 65 години, а демонстрантите укажале дека тоа е премногу, бидејќи на таа возраст веќе не можат ефикасно да ги изршуваат своите задачи и да го одржуваат јавниот ред и мир. Романскиот министер за работа Драгош Пислар се сретнал со нив и рекол дека ќе го разгледа нивното барање.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com