HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПол Сајмон и Том Морело на концерт во Њујорк

Пол Сајмон и Том Морело на концерт во Њујорк

Американската фолк-рок легенда Пол Сајмон и гитаристот на групата „Rage against the machine“ Том Морело настапија во Њујорк првиот ден од фестивалот посветен на борбата против сиромаштијата. Фестивалот „Global citizen“, кој започна вчера, прв пат беше одржан пред пет години. Завршницата оваа година ќе ја има со настапите на музичката ѕвезда Ријана и концерт на групата „Metallica“.

Организацијата „Global citizen“ која од основањето во 2012 година имала повеќе од шест милиони иницијативи ширум светот, за настанот во Њујорк била инспирирана од концертот за Бангладеш кој во 1971 година го организираше поранешниот член на легендарната група „The Beatles“ Џорџ Харисон. Минатата година на публиката и се обратија и првата дама Мишел Обама и американскиот потпретседател Џо Бајден.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com