HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПокренато обвинение против возачот кој ја усмрти новинарката Сузана Тодоровска Павловска

Покренато обвинение против возачот кој ја усмрти новинарката Сузана Тодоровска Павловска

Возачот од сообраќајката кај ТЦ „Зебра“ кој а усмрти новинарката Сузана Тодоровска Павловска, бил пијан и дрогиран, покажа истрагата по што обвинителството денеска поднесе обвинение. Возачот го гони за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според наодите добиени од истрага, обвинетиот под дејство на алкохол и наркотични средства – канабис го управувал своето возило „опел корса“ со брзина од 83 км/час при што загубил контрола и удрил во новинарката Сузана Тодоровска Павловска.

Се утврдило дека во крвта има 1,52 промили алкохол додека 2,42 промили во урината. Јавното обвинителство бара да се продолжи и притворот за возачот. Вечерта на 7 јули се случи сообраќајката во која загина новинарката на Македонско радио Сузана Тодоровска Павловска.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com