Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПокренато обвинение за лекарите кои усмртија родилка и бебе во Гевгелија

Покренато обвинение за лекарите кои усмртија родилка и бебе во Гевгелија

Основниот суд го одобри предлогот за покренување на обвинение против тројцата лекари – еден анестезиолог и двајца гинеколози за случајот со починатата родилка и новороденчето во општата болница во Гевгелија.

Родилка и новороденчето починаа во ноември минатата година во болницата во Гевгелија. Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето. Исто така при истрага беше откриене дека анестезиологот бил пијан додека се извршувал зафатот.

Обвинителството донесе Наредба за запирање на истражната постапка што се водеше против четвртото осомничено лице, кое во меѓувреме почина.