Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПокрената онлајн петиција за оставка на претседателот Иванов

Покрената онлајн петиција за оставка на претседателот Иванов

На веб платформата change.org е покрената онлајн петиција за поднесување оставка на претседателот Ѓорги Иванов поради неговата улога во продлабочување на политичката криза.

– Ние, граѓаните на Македонија, бараме итна оставка на Ѓорге Иванов од позицијата Претседател на Република Македонија. Ѓорге Иванов го крши Уставот и ја турка Македонија во нестабилност и немири со спречувањето на мирен трансфер на власта.

Сметаме дека со оставката на Иванов ќе се овозможи мирен трансфер на власта и ќе се смири меѓуетничката тензија која Иванов ја подгрева со неговото недржавничко и неуставно однесување. Новиот Претседател на Собранието би бил вршител на должност Претседател на РМ и ќе го додели мандатот на новото парламентарно мнозинство, се наведува во причините поради кои Иванов треба да се повлече.

Досега иницијативата ја потпишале околу петстотина граѓани.