Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПокрај Погба уште еден одличен Французин на „мета“ на Мурињо!

Покрај Погба уште еден одличен Французин на „мета“ на Мурињо!

Ако му тргне од рака, везниот ред на Јунајтед повторно ќе биде еден од најсилните во Европа. Пристигнаа Михтарјан, Ибрахимовиќ и младиот Бејли, а на пат е и Пол Погба. Се чини дека Французинот од Јувентус е само на чекор од враќање во редовите на „Црвените ѓаволи“, но треба да се почека официјална потврда за тоа.

Јунајтед покрај Погба планира уште неколку засилувања, а едно од нив би можело да пристигне од Вест Хем. Како што пренесуваат англиските медиуми, станува збор за еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата минатата сезона, како и еден од најдобрите играчи на неодамна завршеното Европско Првенство, Димитри Паје!

После одличните партии во дресот на Вест Хем, Французинот го привлече вниманието на најголемите европски гиганти, но Билиќ ви повеќе наврати изјави дека Паје нема да го напушти клубот по никоја цена. Сепак, Манчестер знае да биде многу „убедлив“ по тоа прашање земајќи го во предвид фактот дека се еден од финансиски најмоќните клубови во светот.

Мурињо полека но сигурно ги склопува коцките за наредната сезона, а со Погба и Паје во тимот, „Црвените ѓаволи“ несомнено би биле незапирливи.

paje i pogba