Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометПокажан е првиот син картон во еден ракометен натпревар

Покажан е првиот син картон во еден ракометен натпревар

Вчеравечер на натпреварот помеѓу Франција и Алжир во склоп на Светското младинско првенство во ракомет во Бразил за прв пат беше покажан син картон.

Со сини картони „се закитија“ Амине Бенанибиа и Софијан Темам, репрезентативци на Алжир. Изречувањето на казна со син картон значи автоматска суспензија од натпреварот и се доделува за груби прекршоци.

ИХФ во моментов експериментира со вметнувањето на синиот картон. Доколку се покаже како успешен, ќе се прошири иа на другите ракометни настани.