Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманПојадок за мерак: Крцкави лепчиња со брокула и сирење

Појадок за мерак: Крцкави лепчиња со брокула и сирење


Нема полесна и повкусна варијанта за добро утро: едноставен и здрав појадок на кој нема да му одолеете.

Потребни состојки:
* 8 кришки леб (по ваш избор)
* ½ кг брокули
* 2 лажици масло за јадење
* 3 чешниња лук (ситно рендани)
* Сол и бибер по вкус
* 50 грама рендано пекорино сирење (може и пармезан или било кое друго тврдо солено сирење)
* 8 кришки на ејдамер сирење (или било кое друго меко сирење)

Начин на подготовка:

На почеток загрејте ја рерната. Потоа ситно исечете ги брокулите и во тава на среден оган пропржете ги додека не омекнат заедно со ренданиот лук. Додадете сол, бибер и рендано сирење, па од смесата ставете на секоја кришка. Кришките префрлете ги во тава и прекријте ги со тенки парчиња на ејдамер. Печете околу 10 минути на 180 степени Целзиусиови.
Сервирајте топло. Добар апетит.