HomeДЕНЕШНАЕкономијаПогледнете кои се најплатените професии во Македонија според заводот за статистика

Погледнете кои се најплатените професии во Македонија според заводот за статистика

denari

Според државниот завод за статистика на Република Македонија индексот на исплатената нето плата по вработен за месец септември, споредено со истиот месец лани, изнесува 100.8. Според истите податоци, Програмерите се убедливо најбарани изминатиот период. Во оваа професија, просечните примања за месец септември изнесувале 50 620 денари. Правниците и сметководителите исто така високо котираат на скалата со плата од 50 343 денари. Фармацевтите беа на трето место во месец септември со примања од нешто повеќе од 42 000 денари.

Спротивно на тоа, најниски примања имаат рибарите и секторот на аквакултура. Нивните примања изнесувале околу 16 000 денари. Индустријата за производство на кожа, како и производителите на мебел и фирмите за одржување на згради, животна средина и сл. се нешто подобро котирани со плати над 17 000 денари.

Статистиката вели дека во Македонија, мажите полесно наоѓаат работа од жените и дополнително се подобро платени. Најголем дел од невработените регистрирани во соодветните институции се лица со средно образование. Просечната плата исплатена во септември изнесувала 22 191, што би значело покачување во однос на лани за 1,2 проценти.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com