Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПогледнете како се снимаше битката на Хардом

Погледнете како се снимаше битката на Хардом

Game of Thrones од епизода во епизода, од сезона во сезона нуди се подобри и подобри сцени кои се импресивни, не само со специјалните ефекти, туку и со кинематографијата, начинот на поставување на камерите, движењето на сите елементи кои прават да поверуваме дека навистина се наоѓаме во Вестерос.

Една од највпечатливите сцени во последната сезона е токму битката на Хардом во која за прв пат добиваме масовен судир со White Walkers. Џон Сноу со мала група на ренџери и голем број на борци од дивјаците се соочува со страшниот непријател.

hardhome_battle

За снимањето изградена е масовна дрвена ограда која наликува на многу послаба заштита од ледениот ѕид, но целата акција во сцената е реална што најдобро ги „продава“ компјутерските ефекти. Во продолжение погледнете го целиот процес на оживувањето на White Walkers и неверојатната 15 минутна акција.