Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФотографијаПогледнете ја најстарата фотографија на светот!

Погледнете ја најстарата фотографија на светот!

Фотографијата под назив „Поглед од прозор во Ле Грас“, се смета за најрано зачувана фотографија, а малку недостигало да биде загубена засекогаш. Нејзиниот автор, Жосеф Нисефор Нијепс, бил француски хемичар аматер и пионир на фотографијата. Бидејќи не поседувал талент за цртање, Нијепс одлучил да развие фотохемиска постапка со која би пренесувал гравури на литографски камен. Знаел дека одредената врста на асфалт, таканаречени јудејски битумен, се стврднува под влијание на светлина.

Со тоа би го премачкал асфалтот со парче лим од цинк, а на премачканата површина ќе стави цртеж кој претходно ќе го премачка со масло и ќе го направи провиден, дозволувајќи им на сончевите зраци да делуваат на лимот. Асфалтот под влијание на светлина се стврднувал, а Нијепс потоа би ја испрал плочата со масло со кое би ги одстранил преостанатите делови на битуменот.

Оваа постапка ја нарекол „хелиогравура“. Една од асфалтните плочи ја ставил во својот двор и ја оставил таму осум часа. На тој начин настанала првата позната фотографија, околу 1826 година. Додека „Поглед од прозор во Ле Грас“ претставува револуција во технологијата, сепак оваа слика после некое време изчезнала. На крајот била пронајдена во магацин, во непознат ковчег, во 1952 година.