Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиПогледнете го видеото со суперхероите за параолимпијадата во РИО 2016!

Погледнете го видеото со суперхероите за параолимпијадата во РИО 2016!

Доколку во изминатава недела откако е излезено видеото успеавте барем еднаш да го погледнете истото и да останете воодушевени од упорноста и духот на безбројте параолимпијци низ светот, тогаш продолжете понатаму и запознајте дел од нив.

Видеото во текот на една недела беше прегледано на Јутјуб преку 1,800,000 пати, а во истото главни протагонисти се околу 140 параолимпијци, тимови, музичари и луѓе кои не се спортисти ни имаат некакви специјални потреби кои синхронизирано се вклопени во оркестарот кој пее „Да, јас можам”.

Од тапанар кој музицира со неговите нозе, до девојка која лета авион со истите екстремитети, преку слепи пијанисти и спортисти, видеото е вистински репрезент на можностите на човекот без разлика на сите оние маани кои можеме да ги имаме и носиме.