HomeРЕФЛЕКТОРФилмПогледнете го трејлерот за филмот на Ворен Бити „Rules Don’t Apply“

Погледнете го трејлерот за филмот на Ворен Бити „Rules Don’t Apply“

Објавен е трејлерот за „Rules Don’t Apply“, прв филм на Ворен Бити како режисер од 1998 година. Главните улоги ги толкуваат Лили Колинс и Алден Ејренријх, додека Бити ја толкува улогата на милијардерот Хауард Хјуз. Една млада надежна актерка и нејзиниот амбициозен возач се справуваат со ексцентричниот и непредвидлив милијардер за кого работат. Дејството се случува во Холивуд, 1958 година.

Двајцата млади му пркосат на правилото на Хјуз, според кое вработените не смеат да имаат романтични врски едни со други. Премиерата е закажана за 23 ноември.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com