HomeДЕНЕШНАРепубликаПоефтино гориво за празниците, соопшти регулаторна!

Поефтино гориво за празниците, соопшти регулаторна!

Поефтино ќе се возиме за празниците, бензините поевтинуваат за еден, додека дизелот за три денари, одлучи денеска Регулаторна.
Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 61,50 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 63,50 денари за еден литар. Дизел горивото поевтинува за три денари, па новата цена ќе биде 43,50 денари за еден литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 ден/лит и ќе изнесува 32 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,774 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 14.12.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 15,969 ден/кг.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com