Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПодолски пристигна во Истанбул

Подолски пристигна во Истанбул

 

Германскиот интернационалец Лукас Подолски слета во Истанбул за да го финализира трансферот во екипата на Галатасарај. Откако напаѓачот не се снајде најдобро во Арсенал и во Интер реши да ја прифати понудата на турскиот гигант.  Турскиот шампион се очекува за засилувањето да му исплати на Арсенал околу 5 милиони евра. Навивачите на Галатасарај му приредија топло добредојде на германецот како увертира за она што ќе следува на „Турк Телеком“ арената каде што е најавено официјалното претставување.