Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПоднесување годишни даночни пријави најдоцна до 15-ти март

Поднесување годишни даночни пријави најдоцна до 15-ти март

Крајниот рок за поднесување Годишна даночна пријава за сите граѓани кои лани оствариле дополнителни приходи по различни основи е 15. март 2015 година, потсетува УЈП.


„Задолжително поднесете образец ПДД-ГДП, најдоцна до 15-ти март, ако мината година сте оствариле дополнителни приходи, односно освен плата, пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, сте оствариле и приходи од кирии (издавање имот – закуп или подзакуп), авторски права, индустриска сопственост; исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од награднa игрa во износ поголем од 5.000 денари, приходи од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни, лични примања од странство, работно ангажираниње во амбасада, мисија на меѓународна организација“, информира УЈП.