Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПоднесете даночна пријава во УЈП до 15 март – во спротивно казна до 200 евра

Поднесете даночна пријава во УЈП до 15 март – во спротивно казна до 200 евра

Управата за јавни приходи преку јавна покана за поднесување на Годишна даночна пријава ги потсетува граѓаните дека треба да го запазат рокот од 01 јануари до 15 март 2016 и да поднесат образец за утврдување на персонален данок на доход за 2015-та година.

Годишна даночна пријава поднесува секој граѓанин кој остварил приход по основ на: лични примања, приходи од земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, Приходи од авторски права и права од индустриска сопственост, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други приходи.

Граѓаните кои во текот на годината остваруваат само приходи од: плата и пензија, приходи од земјоделска дејност и приходи од самостојна дејност не се должни да поднесуваат Годишна даночна пријава. Граѓанинот е должен Годишната даночна пријава (образец “ПДД-ГДП”) да ја поднесе до даночната канцеларија на УЈП според местото на живеење, во Контакт центарот Скопје без разлика на местото на живеење на граѓанинот или преку е-Даноци.

Сите даночни обврзници кои нема да се пријават во дадениот рок, ќе се смета дека направиле прекршок согласно Законот за персонален данок на доход, според кој се предвидени парични казни од 100 до 200 евра за прекршител.