Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПоднесено обвинение за убиството кај Долна Белица

Поднесено обвинение за убиството кај Долна Белица

Во врска со убиството што се случи на 13-ти декември минатата година во струшкото село Долна Белица кога при меѓусебна престрелка на две групи едно лице го загуби животот, Основното јавно обвинителство-Струга поднесе обвинение против две лица.

-„По спроведена сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинение против две лица. Обвинетите Б.Б и Е.Б се товарат за сторени кривични дела убиство од член 123 и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик“, стои во соопштението на јавното обвинителство.

Двајцата обвинети, Б.Б. (45) и Е.Б. (30), се жители на селото Велешта.