Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПоднесено обвинение против српски државјанин за убиство во Охрид

Поднесено обвинение против српски државјанин за убиство во Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид денеска до локалниот Основен суд поднел обвинение против српски државјнин кој се товари за убиството на 27-годишен охриѓанец кое се случи на 1 јануари, оваа година.

-Со поднесеното обвинение тој се товари дека на 01.01.2016 година, пред кафе-бар во Охрид, со употреба на физичка сила, лишил од живот едно лице. Обвинетиот со силни удари му нанел тешки телесни повреди на 27-годишно момче од Охрид, по што тоа починало. Потоа српскиот државјанин се вратил во кафе-барот и продолжил да се забавува, се вели во соопштението од Основното јавно обвинителство.

На барање на надлежниот јавен обвинител, се додава во соопштението, судот на обвинетиот му ја продолжил мерката притвор за нови 30 дена.