Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПоднесени 56, а прифатени 17 приговори за државната матура

Поднесени 56, а прифатени 17 приговори за државната матура

Државниот испитен центар прифати 17 приговори, од вкупно поднесени 56 во августовскиот испитен рок. Приговорите биле разгледани и решени од предметни комисии, а кандидатите кои приговарале имале право на увид во тестот кој се реализирал на 3 септември во просториите на Центарот.

Државниот испитен центар денеска соопшти дека резултатите од приговори биле доставени до училиштата на 2 септември. Полагањето на екстерните предмети од државната матура се реализираше од 18-ти до 21 август. Вкупно биле пријавени 2295 кандидати.