Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПоднесена кривична пријава против двајца пиромани

Поднесена кривична пријава против двајца пиромани

Секторот за внатрешни работи Битола – Полициска станица од општа надлежност Македонски Брод поднесе кривична пријава против С.И. (48) и Ј.И.(49), двајцата од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение дека пријавените сториле кривични дела предизвикување општа опасност, предвидено и казниво по член 288, став 4, и кривично дело предизвикување шумски пожар, казниво по член, 227 став 4 од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 4.8.2017 околу 12 часот во с. Могилец, Македонски Брод, во дворното место од куќа, сопственост на пријавените, започнал пожар кој подоцна се проширил, при што биле опожарени две напуштени куќи, сандаци со пчели, но бил предизвикан и шумски пожар и била опожарена значителна површина со борова шума. По преземените мерки, од МВР се сомневаат дека пријавените фрлиле догорчиња од цигари во сеното и предизвикале пожар кој подоцна се проширил.

Полициската станица од општа надлежност Македонски Брод поднесе и посебен извештај против Д.К. (36) од село Косово, Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело предизвикување шумски пожар, казниво по член 227 од Кривичниот законик на Република Македонија, а во врска со пожарот настанат на 25.7.2017 година, кој најпрвин започнал во ловечки објект, а подоцна се проширил на местата наречени Бигор и Круша над селото Требовле.

Исто така, Полициската станица од општа надлежност Македонски Брод поднесе и записници за констатирани прекршоци по член 54 од Законот за шумите до надлежен инспектор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство против две лица: Р.В. (61) од Скопје, со престој во село Долно Зркле, и против М.С. (82) од село Заград. Сторителите, според МВР, предизвикале отворен пожар во селата Заград и Зркле.