Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПоднесена иницијативата за свикување на Собранието, на потег е Вељаноски

Поднесена иницијативата за свикување на Собранието, на потег е Вељаноски

СДСМ денеска ја поднесе иницијативата за свикување на продолжението на конститутивната седница на Собранието. Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, рече дека со поднесувањето на иницијативата се срушени сите дилеми околу новото парламентарно мнозинство.

– И покрај тоа што нема законски предвиден рок до кога господинот Трајко Вељаноски треба да одговори, сепак се надеваме дека ќе биде на висина на задачата и одговорноста на својата функција и веднаш ќе ја свика конститутивната седница, која еднаш беше прекината – рече Спасовски.

Одговарајќи на новинарско прашање дали СДСМ ќе има свој предлог за собраниски спикер, Спасовски рече дека засега нема, и дека сите предлози ќе ги разгледуваатт дополнително.