HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосПодигнат споменик на Јуриј Гагарин во Крит

Подигнат споменик на Јуриј Гагарин во Крит

Биста на Јуриј Гагарин, првиот космонаут во историјата, откриена е во градот Ираклион на Крит по повод одбележувањето на годината на Русија во Грција. На церемонијата на откривањето присуствувале руските космонаути Олег Скрипочка и Алексеј Овчинјин и претставниците на локалните и државните власти. Подигањето на споменикот го овозможиле Меѓународниот добротворен фонд „Дијалог култура- обединет свет“ и организацијата „Тез Тур Грција“.

„Со откривањето на споменикот на Јуриј Гагарин, најпознатиот астронаут во историјата на космичките истражувања, Ираклион и Крит станаа уште поблиски со пријателската Русија, а илјадници туристи решија да дојдат овде“, изјави Димитрис Харитидис, генерален дирекот на „Тез Тур Грција“, изразувајќи надеж дека споменикот ќе им биде интересен и на туристите од другите земји.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com