Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманПодготви сам: вкусна и освежителна боза

Подготви сам: вкусна и освежителна боза

Популарниот пијалок, чиј рецепт потекнува од стар белградски мајстор, сега може брзо и лесно да го подготвите и во вашиот дом. Имајте боза во било кое време и за било која прилика, затоа што претставува поздрава замена за нездравите купечки сокови.

Состојки:
* 5 литри вода
* 4 полни големи лажици пченкарно брашно
* 1 полна голема лажица пченично брашно
* 1/2 коцка свеж квасец или 1 кесичка сув
* 400 грама шеќер

Подготовка:

Во поголем лонец се ставаат 5 литри вода да зовријат на шпорет. Во соодветен сад изматете 4 полни големи лажици пченкарно брашно и 1 полна лажица пченично брашно со малку вода, како за пудинг. Добиената смеса сипете ја во водата која врие и мешајте. Намалете ја температурата и варете на тивок оган околу половина час. Не заборавајте да промешате повремено.

Кога ќе се свари оставете да се олади и потоа додадете го стасаниот квасец разматен во малку млака вода со малку шеќер. Оставете да отстои 24 часа и потоа процедете. Пропржете го шеќерот благо да се карамелизира, прелијте го со 1/2 литар вода и оставете го да зоврие. Потоа тргнете го на страна да се олади и додадете го на прецедената течност. Убаво измешајте и сипете во шишиња. Се чува во фрижидер.

Ако повторно правите боза, не треба да користите квасец туку половина литар готова боза.