Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПодгответе се за нова музика од легендарниот Пол Мекартни!

Подгответе се за нова музика од легендарниот Пол Мекартни!

Британскиот музичар Пол Мекартни откри дека работи на нов албум, додавајќи дека тоа студиско издание ќе иде интересно, како и тоа дека половина од работата биле веќе завршена. Во радиското интервју со Мет Еверит на „Би-Би-Си“, членот на некогашните „Битлси“ истакна дека продуцентот на албумот е Грег Курстин, човекот со кој пред две години соработувал при правење на музика за потребите на анимиран филм.

„Потоа Курстин соработуваше со Бек Хансен и го освоија признанието за албум на годината. Потоа работеше со Адел, каде исто така освоија награда за продукција. Поради тоа се грижам луѓето да не помислат: „Еве го Пол, ги бира соработниците кои имаат најмногу успеси“. Но, тој е навистина одличен човек. Задоволствоо е да се соработува со него“, изјави Пол Мекартни.