Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПодгответе се за невреме, пороен дожд и грмежи

Подгответе се за невреме, пороен дожд и грмежи

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе ја зафатат Македонија во попладневните часови. Земјата ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, поради што, на повеќе места времето ќе биде променливо и нестабилно.

Како што соопшти УХМР, можно е локално процесите да бидат и поинтензивни, особено во јужните и источните делови.

Утре ќе преовладува променливо облачно, ветровито и посвежо време, претпладне со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Од петок следува период на стабилно и топло време со пораст на дневните температури.