HomeДЕНЕШНАПолитикаПодгответе се, од понделник започнуваат политичките кампањи и реклами

Подгответе се, од понделник започнуваат политичките кампањи и реклами

Изборната кампања за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија закажани за 11 декември оваа година ќе започне на 21 ноември (понеделник).

Државната изборна комисија потсетува дека од денот на распишување на изборите па сѐ до почеток на изборна кампања, радиодифузерите и печатените медиуми не смеат да емитуваат, односно да објавуваат платено политичко рекламирање.

Исто така, од денот на распишување на изборите сѐ до нивното завршување, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми, интернет порталите не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања.

За прекршителите на овие одредби Државната изборна комисија ќе иницира поведување соодветни постапки согласно своите надлежности.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com