Tuesday, Apr 23, 2024
HomeАНТИСТРЕСПодгответе го телото за плажа за само 24 часа

Подгответе го телото за плажа за само 24 часа

 

Сигурно нема да изгубите неколку килограми или да станете совршени за 24 часа, но постојат неколку практики кои ќе ви помогнат да изгледате подобро и да бидете посамоуверени

Не конзумирајте брза храна и газарина пијалаци

Надувување на организмот и мачнина најчесто предизвикува брзата храна и газираните пијалаци затоа пред да одите на море или езеро посветете се на конзумирање на здрава храна која освен што нема да ве надуе ќе направи да се чувствувате свежо

Алкохол

Веќе знаете дека алкохолот создава најмногу мачнини но тоа не значи дека не можете на плажа да се почестите со еден коктел. Се е во умереноста

Пијте многу вода!

За вашата кожа и за организмот водата во лето е далеку попотребна отколку во зима, затоа нема изговори! Доколку не сте љубител на вода, додадете малку лимун за да добиете на вкус.

voda plaza

Конзумирајте сурова храна

Многумина оваа опција одма ја одбиваат но дисциплина на 2,3 дена нема да ви биде на одмет.  Би направиле одличен детокс кој вашето тело ќе знае да го цени. Суровата храна е богата со влакна кои позитивно ќе влијаат на вашиот организам. За кратко време вашата кожа ќе стане поубава,посјајна, а апетитот помал.

Посетете теретана

Или само движете се. Важно е да бидете физички активни. Тоа не значи дека треба да се “убиете” од вежбање или возење велосипед. Едноставно бидете раздвижени