HomeДЕНЕШНАПолитикаПоддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ од Австралија се откажуваат од Груевски

Поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ од Австралија се откажуваат од Груевски

brisbanecitysouthbankaeriel_20150402_wide

Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Бризбен-Квинсланд од Австралија се оградува од ВМРО-ДПМНЕ и поддршката ќе му ја даде на ФРОДЕМ- пишува А1он. Од комитетот велат дека така ќе остане се додека не се вратат основачите на ВМРО-ДПМНЕ во партијата.

„Ние задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Бризбен-Квинсланд Австралија повеќе не сме послушници на оваа корумпирана врхушка што ја води матичната партија ВМРО-ДПМНЕ во Македонија. Дури не се вратат основачите на партијата со млади деца ние остануваме со поддршка за ФРОДЕМ кое го води нашиот патриот Јове Кекеновски“ – пишува во писмената реакција

Освен овој, во Австралија ВМРО-ДПМНЕ има уште четири задгранични комитети, и тоа во Мелбурн, Аделајт, Перт и Сиднеј.

Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ замина и пратеникот од Австралија, Васко Наумовски кој како што најави, политичката активност ќе ја продoлжи во ФРОДЕМ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com