HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаПод срушен супермаркет во Мексико пронајден храм стар со векови

Под срушен супермаркет во Мексико пронајден храм стар со векови

hram-supermarket1

Под урнатата продавница во Мексико е пронајде храм кој датира од пред десетина векови, а истражувачите веруваат дека е изграден во чест на Богот на ветрот познат како Ехекатл Куецалкоатл. Археолозите го пронашле храмот на длабочина од три метри на местото каде што е урнат еден супермаркет.

hram-supermarket

Археолозите првобитно под стариот супермаркет пронашле делови од грнчарија и човечки остатоци, што било очекувано, но биле изненадени кога го пронашле храмот, рекол националниот координатор за археологија во Мексиканскиот институт за национална антропологија и историја Педро Франциско Санчез Нава.

Помеѓу останатото, археолозите пронашле и остатоци од новороденче на кое не се видливи знаци на повреди, потоа коски од птици и керамички фигури од мајмуни.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com