Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПод силно полициско обезбедување се садеа дрвца на УКИМ

Под силно полициско обезбедување се садеа дрвца на УКИМ

Неколку студенти од ФИНКИ предводени од нивниот декан професор Чорбев под силно полициско обезбедување садеа десетина дрвца велејќи дека се дел од УКИМ и дека им се потребни новите факултетски згради во барок стил кои мора токму тука да се изградат. Студентите пак кои го блокираа Ректоратот ги повикуваа колегите на разговор и да го чујат нивниот став, зошто токму денес садат дрвца кога на само неколку метри багерите се впуштија во уредување на теренот.

sadenje-drvca-ukim

Со ова се оди во целосна контра на Студентскиот и Професорскиот пленум кои се противеа на сечата на дрвата во кампусот на УКИМ, како и нивните напори да добијат став од Ректоратот за нарушување на природната средина, неодржливоста на проектот кој ќе донесе до намалување на квалитетот на образовниот процес и просторот кој е премал за толкав број на факултети.

ukimКонтрадемонстрантите садеа дрвца од Македонски шуми, а присуството на силно полициско обезбедување доби остри осуди од професорот по уставно право Шкариќ кој вели дека тоа е директно нарушување на автономијата на Универзитетот заштитена со Устав.