Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈПочина Жоао Авеланж, поранешен претседател на ФИФА

Почина Жоао Авеланж, поранешен претседател на ФИФА

Легендарниот претседател на ФИФА, Жоао Авеланж, денеска почина на 100-годишна возраст.

Тој почина во болницата во Ботафого, во близина на родниот град Рио, откако беше хоспитализиран пред еден месец поради проблеми со дишењето.

Бразилецот беше на чело на ФИФА во периодот од 1974 до 1998 година, кога беше наследен од страна на Џозеф Блатер.

Од 1963 до 2013 година беше член на Меѓународниот олимписки комитет, како поранешен пливач и ватерполист на Бразил.

Избран беше за почесен претседателот на ФИФА, но поднесе оставка по скандалот со корупција за Светското првенство во Бразил 2014.