Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПочина познатиот американски драматург Едвард Олби

Почина познатиот американски драматург Едвард Олби

Американскиот драматург и добитник на три „Пулицерови награди“, Едвард Олби, чие нејпознато дело е „Кој се плаши од Вирџинија Волф“, почина синоќа на 88-годишна возраст.

Олби најголемата популарност ја стекна во 1962 година со претставата „Кој се плаши од Вирџинија Волф“, по што доби статус на најголемиот жив драмски писател во САД.

Подоцна, според истата драма е снимен и филм во кој главните улоги ги толкуваат Ричард Бартон и Елизабет Тејлор.

Неговиот стил на пишување се одликува со црн хумот, истражување на темните страни на бракот, религијата, растењето на децата и американскиот начин на живот, наведува Би-Би-Си.