Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПочина истакнатиот македонски музичар Љубен Димкаровски

Почина истакнатиот македонски музичар Љубен Димкаровски

По кратко и тешко боледување, во Словенија почина големиот промотор на македонската култура во дијаспората и ширум светот, музичарот Љубен Димкароски, кој беше прва труба во Љубљанската филхармонија, и основач и водач на групата „Пела“ со која ја промовираше македонската музика низ целиот свет.

Во последните години светот го запозна Димкароски како прв и едниствен изведувач на праисториска фрула, најстара фрула во светот, со која на музичката јавност и покажа дека големите класици може да се отсвират на праисториска фрула.

Последните години од својот живот Димкароски ги помина во патувања и предавања по светот. Во неговото срце беше Македонија, македонската песна и македонската црква. Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи изразува длабока и искрена жалост што Република Македонија загуби голем македонски деец и промотор на македонската култура, се наведува во соопштението од Комисијата.