Thursday, Sep 21, 2017
HomeСТУДЕНТУМПочнува новата академска година

Почнува новата академска година

Денеска започнува новата академска година 2015/2016 на сите државни универзитети во земјава. За новите студенти ќе биде организиран прв академски час на факултетите, а на некои од нив ќе присуствуваат ректорите на универзитетите.

Ректорот на УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски ќе присуствува на првиот академски час на студентите на Медицинскиот факултет. На првиот академски час на на Државниот универзитет во Тетово ќе присуствува министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и ректорот Вулнет Амети, а на Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ свеченоста за студентите од Медицинскиот, Правниот и од трите академии ќе биде организирана во Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет каде ќе се обратат заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски и новиот ректор Блажо Боев. На Битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ новоименуваниот ректор Сашо Коруновски ќе се обрати пред студентите на Техничкиот факултет.