Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПочина трудница во петиот месец од бременоста на скопска гинекологија

Почина трудница во петиот месец од бременоста на скопска гинекологија

Трудница во петтииот месец од бременоста починала на скопската Клиника за гинекологија. Како што дознава НОВА од болнички извори, жената починала од крварење.

Настанот го потврдија од МВР кои велат дека вчера во 21 часот од Клиничкиот Центар добиле известување дека починала пациентка на 38 годишна возраст. Од Клиниката за гинекологија не го коментираат настанот, но за подоцна најавија соопштение за јавноста.