Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПочина шестнеделно бебе, таткото го нападнал педијатарот

Почина шестнеделно бебе, таткото го нападнал педијатарот

Во тетовската клиничка болница, вчера без знаци на живот, било донесено шестнеделно машко бебе. Го донел неговиот татко Б.J. кој утрото го однел бебето кај пензиониран педијатар во Тетово, бидејќи имало здравствени проблеми.

Педијатарот му дал одредена терапија, но по неколку часа состојбата на бебето се влошила и тие повторно се вратиле кај педијатарот. Тој бил отсутен, а во соседната амбуланта, каде се обратиле за лекарска помош, констатирале дека детето е веќе починато.

Кога се вратил таткото физички го нападнал пензионираниот педијатар, по што го однел бебето во тетовската клиничка болница. По наредба на јавниот обвинител, починатото бебе е дадено за обдукција каде ќе се утврдуваат причините за смртта.